Репертоар:

Блескаво отворање на изложбата „Петар Мазев, 90 години од раѓање“

Цела енергија на скопската културна јавност, вчера вечер се слеа во Даут пашиниот амам, каде што се отвори јубилејната изложба на Петар Мазев. 

 

Реки народ од сите страни пристигаа во објектот на влезот во Чаршијата.

По проценка од Институцијата вечерта продефилираа над 3000 посетители. Објектот цели три часа беше преполн во сите сали, по што со пригоден коктел во дворот на Даут пашиниот амам се анимираа посетителите.

Вистинска вечер за паметење, за цела културна јавност и љубителите на уметноста. 

Вечерта истота така, беше отворен Мазев гифт шоп, каде што секој посетител ќе може да купи брендирани субенири, маички или ново потготвената монографија за големиот уметник. 

_____________________________

Изложбата „Петар Мазев, 90 години од раѓање“ е составена од околу 70 дела работени во разни техники на платно и панел, кои прават пресек на творештвото на Мазев, следејќи го неговиот развој и пат, од самите почетоци на 50-тите години од минатиот век се до неговата смрт во 1993 година.

Делата на изложбата се позајмени од Музејот на современата уметност во Скопје, Заводот и музеј Охрид, Културно-информативниот центар од Скопје, Центарот за култура Антон Панов од Стрмица и од голем број приватни колекционери.

Петар Мазев е роден 1927 година во Кавадарци. Завршил Ликовна академија во Белград во 1953 година кај професор Зоран Петровиќ. Бил професор на Факултетот за архитектура во Скопје и бил главен иницијатор за формирање на Факултет за ликовни уметности во Скопје. Тој е еден од најзначајните автори на македонската современа ликовна уметност со бројни самостојни преставувања како во Македонија, така и во Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, САД и други.

 

Добитник е на бројни награди и признанија, меѓу кои „11 Октомври“ на Република Македонија во 1961 година, во 1979 добива прва награда на Југословенскиот конкурс за ликовно обликување на ентериерот на Спомен-костурница на загинатите борци од НОБ во Велес и велешко и истиот го изведува во мозаик, 1981 година добитник е на наградта „Моша Пијаде“ на Ликовниот салон во Цетиње.

Фото: mia.mk