Репертоар:

(фото галерија) Отворање на изложбата „Петар Мазев, 90 години од раѓање“

Националната галерија на Македонија со изложбата на Петар Мазев, покажа дека и кај нас е можно организирање на огромни настани кои привлекуваат огромно внимание на јавноста. Прекрасна вечер за паметење, за која уште долго ќе се зборува. Погледнете ја фото галеријата од свеченото отворање. Автор на фотографиите е Зоран Шекеров.

Изложбата „Петар Мазев, 90 години од раѓање“ е составена од околу 70 дела работени во разни техники на платно и панел, кои прават пресек на творештвото на Мазев, следејќи го неговиот развој и пат, од самите почетоци на 50-тите години од минатиот век се до неговата смрт во 1993 година.

Делата на изложбата се позајмени од Музејот на современата уметност во Скопје, Заводот и музеј Охрид, Културно-информативниот центар од Скопје, Центарот за култура Антон Панов од Струмица и од голем број приватни колекционери.

Во наредните три месеци посетете го Даут пашиниот амам, и уживајте во оваа ексклузивна изложба посветена на неповторливиот Мазев.

фото: Зоран Шекеров