Репертоар:

Француското министерство за култура покровител на SEE фестивалите во Париз и Берлин

Со официјално писмо до претседателот на фестивалот и ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Јордан Плевнеш, Министерството за култура на Република Франција извести дека станува покровител на фестивалите на кинематографиите на за земјите на Југоисточна Европа во Париз и Берлин, кои беа покренати уште во 2011 година, со цел интегрирање на балканските култури во Европа нашиот заеднички дом, како што велеше Таткото на ЕУ, Жан Моне.

Во досегашната историја на оваа манифестација која стана културен прозорец на новите имиња на синеасти кои за првпат ги презентираат своите остварувањаа во двата најголеми центри на Европа, досега се прикажани над стотина играни и поголем број документарни, кратки и анимирани филмови. 

Покрај тековната фестивалска продукција, во соработка со Academia Balkanica Europeana, фестивалот ги воведе признанијата Легенди на Југосточна Европа во која ги вреднуваше  опусите на режисерите Вељко Булајиќ, Душан Макавејев, Луцијан Пинтилие, како и на актерите Мики Манојловиќ, Мето Јовановски, Раде Шербеџија, Јон Карамитру, Емир Хаџихафисбеговиќ, и оваа година познатата бугарска актерка Цветана Манева.

Од оваа година фестивалот покрена едно ново признание за животно дело во областа на филмската документаристика која го носи името на на еден од најпознатите автори на документарен филм во светот Фредерик Росиф (1922-1990), роден во Цетиње, Црна Гора – близок пријател на Абер Ками, Жан-Пол Сартр и Ернест Хемингвеј, кој го помина поголемиот дел од животот во Париз.

Честа да ја понесе таа награда, „Гран При Фредерик Росиф 2018“ му припадна на македонскиот и светски сликар и документарист Киро Урдин. Неговиот филм „Живот и смрт“ ќе биде прикажан на 2 јуни во Париз, а наградата ќе му ја врачи професорот од Сорбона Фабрис Далмеида.

Овогодинешните изданија на SEE a Berlin и SEE a Paris, ќе се оджи во периодот од 24 мај до 2 јуни, во престижното берлинско кино Бабилон во соработка о Универзитетот Хумболт, како и на Универзитетот на Париз Сите Сорбон, во соработка со врвни француски институции кои се приклучуваат на девизата што македонскиот писател со интернационално реноме Јордан Плевнеш ја објави во угледниот париски Монд: „Балканот е срцето на Европа.“