Репертоар:

Изложба „Експеpиментален цpтеж“ на ДЛУМ

Во Домот на култура „Кочо Рацин“ Скопје во четврток, 20 април ќе биде отворена изложбата „Експериментален цртеж“ на Друштво на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ)...

Љубителите на ликовната уметност ќе имаат можност да проследат интересни дела од реномирани ликовни уметници од земјата – членови на ДЛУМ.

- Не остапувајќи од фактот дека цртежот не е само составен дел од ликовната и применетата уметност, туку и од театарската, филмската и видео арт ументоста, повеќе од јасно е значењето на овој концепт на изложбата., кој целосно го напушта класичното. Современиот цртеж не ги исклучува традиционалните техники, туку често го проширува полето на истражување и експериментирање, вклучувајќи ги притоа сите негови радикални трансформации – велат од ДЛУМ.