Репертоар:

Изложба „Скриени шепоти“ на Мухамедали Алили

Изложба на Мухамедали Алили насловена „Скриени шепоти“ ќе биде отворена денеска (понеделник, 6 ноември) во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам.

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 6 ноември 2017 година (понеделник), во 20 часот ќе се отвори изложба на Мухамедали Алили со наслов Скриени шепоти.

Мухамедали Алили роден 1972 година во Куманово. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, Скопје, 2000г., отсек графика, во класата на проф.Димитар Малиданов.

Во 2013 година започнал постдипломски студии во Универзитетот ФОН отсек графички дизајн. Се занимава со сликарство, графика, дизајн и фотографија. Учествувал на многу колективни изложби во Македонија и во многу други земји.

Живее и работи во Куманово.