Репертоар:

Ликовен хепенинг "Балкански културни средби 2015"

Во Неготино на 3.7.2015 (петок) почнуваат Балкански средби по прв пат од ваков вид, кои што опфакаат активност на полето на ликовната уметност. Се предвидува во иднина да ги опфати и другите полиња на културата како музика, театар, книжевност ...

Уметници од Турција, Србија, Словенија, Бугарија и Македонија првиот ден ќе работат дела во Неготино кои што ќе бидат изложени вечерва во Домот на култура Ацо Ѓорчев во Неготино.

Следниот ден ќе се работи во Охрид по исти принцип и вечерта делата ќе бидат изложени во Домот на култура Глигор Прличев во Охрид.

Организатор на оваа манифестација е Домот на култура од Неготино, а потпомогнат од Министерството за култура.