Репертоар:

IN MEMORIAM: Почина Мирослав Стојановиќ - Шуки

Вчера ненадејно почина Мирослав Стојановиќ - Шуки (Ниш, Србија, 22.4.1963 - Скопје, 10.1.2018), академски сликар, мултимедијален уметник и активист.

Дипломирал во 1990 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. Ристо Калчевски.

Изложува од 1990-те години при што реализира повеќе самостојни изложби во Македонија и учествува на бројни групни изложби во земјава и во странство (Марибор, Ротердам, Будимпешта, Битола, Санкт Петерсбург, Истанбул, Белград и др).

Членувал во групата ЗЕРО, и бил долгогодишен член на Извршниот Комитет на ЦИВИЛ и директор на организациската единица за општествено-политички одговорна и критичка уметност и култура ЦИВИЛ Арт.

Мирослав Стојановиќ - Шуки е познат на македонската јавност по своите оргинални и моќни дела во повеќе различни медиуми (цртежи, слики, инсталации, перформанси) во кои неговото гледање на човекот и светот отвора нови страници на човековото сфаќање за постоењето, за ништожноста и за внатрешната потрага по смислата.