Репертоар:

Отворена изложбата на Андријана Мациев во Софија

Во КИЦ на Република Македонија во Софија вчеравечер, 17 март, пред бројна публика, претставници на дипломатскиот кор и Министерството за култура на Р. Бугарија, беше отворена изложбата на македонскиот ликовен уметник Андријана Мациев...

На изложбата насловена како "Живот во бои", беа претставени 22 дела, работени во акрил на платно и хартија. Ова беше прва самостојна изложба на Мациев, која веќе се има претставувано пред бугарската публика на групни изложби во Варна и Созопол.

За Андријана Мациев и нејзиниот творечки опус зборуваа Мирјана Крстева Массети, ликовен уметник и директорот на Центарот Васко Шутаров, кој и ја отвори изложбата.

Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија и е дел од годишната програма на КИЦ на Р. Македонија во Софија за 2017 година.