Репертоар:

Прва самостојна изложба на Филип Велковски

Во Галеријата на МКЦ вечерва, 20 април, во 20 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба на Филип Велковски.. 

- Во племенските иницијациски обреди, фазата на премин од еден општествен статус во друг според антрополозите е дефиниран акако „лиминална“ [lat. limen - праг]. Oвa е фаза во која идентитетот и статусот на индивидуата или групата што го извршува обредот лебди во гранична линија. Преминот од јаве во сон, oд ден во ноќ се процеси во кои две конкретни состојби се разделени со една состојба, која не припаѓа „ниту ваму ниту таму“. Тој меѓупростор и тоа меѓувреме е лиминална зона. Креативниот процес на создавање како лиминален процес (во однос на настанокот на делото) е област на можности, кој ги одбива сите класификации. Умот за време на процесот е растеретен од бремето на собраното знаењe, ставови и концепции и е целосно посветен на решавање на проблемот. Производ на таков ум се „Лиминалните фигури“, кои не се ниту човек, ниту бог, ниту ѓавол- вели Велковски за својата изложба.

Изложбата се состои од дваесет и три слики изработени во техниката масло на платно. Сликите се работени во период од три години.