Репертоар:

Собраниската Комисија за култура во работна посета на Националната галерија на Македонија

Работната група на Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија, во состав: Ирена Стефоска, Никица Корубин, Весна Дамчевска-Илиевска и Славица Шуманска-Митева, на 18 април 2018 година, оствари работна посета на Националната галерија на Македонија.

При посетата на Националната галерија на Македонија, директорката Дита Старова-Керими истакна дека оваа национална институција во своето депо го чува најголемото културно наследство на Република Македонија.

Во тој поглед, заради зачувување на колекцијата со врвни уметнички дела, Националната галерија има потреба од конзерваторска лабораторија и стручен кадар за конзервација, како и депоа со соодветни услови за чување на уметничките дела. 

Беше извршена посета и на Спомен-куќата на Лазар Личеноски, која е прогласена за културно наследство од особено значење.

Спомен-куќата се наоѓа во руинирана состојба и потребни се средства за санација и уредување на просторот.