Репертоар:

Трајче Чатмов изложува во Софија

Вечерва (среда, 27 септемвери) во 19:00 часот во Галерија 2.0 во Софија (Бугарија) ќе биде отворена изложбата на Трајче Чатмов...

Академскиот сликар Трајче Чатмов, ќе се претстави со дел од својот опус насловен како „Креативност и мизерија“ пред софиската публика.

Чатмов дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во класата на Рубенс Корубин - педагошко сликарство, а магистрира во класата на Родољуб Анастасов, сликање и естетика. Сликите се работени во експресионистичка постапка, доминираат силни колоритни бои, тонови, изразени линии.