Репертоар:

Во Кочани изложба на дела од Детската ликовна колонија од Кратово

На изложбата, која ќе биде отворена 15 дена, претставени се 30-ина дела работени во повеќе техники...

Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани е отворена изложба на дела од 23-та Меѓународна детска ликовна колонија „Лазар Софијанов“ која минатата година се одржа во Кратово.

Мотиви што ги инспирирале младите творци се старата кратовска архитектура, мостовите, саат-кулата.

В.д. директорот на Домот на културата „Лазар Софијанов“ од Кратово на отворањето рече дека организирањето на изложбата во Кочани е резултат на успешната соработка што ја имаат со Центарот за култура „Бели мугри“, воспоставена од почетокот на кратовската колонија, бидејќи нејзини учесници се и ученици од Кочани.

– Традиционално делата од колонијата ги изложуваме и во Кочани. На годинашната, 23-та Меѓународна детска ликовна колонија учествуваа триесетина ученици од повеќе градови на Македонија, како и деца ликовни творци од Србија и Бугарија, рече Ристовски.