Репертоар:

Зоран Попоски е во финалето на Глобалните награди за уметност

Македонскиот уметник Зоран Попоски е финалист на престижните Глобални награди за уметност 2017 во соработка со Вол Стрит Џурнал, во категоријата Современо сликарство.

Глобалните награди за уметност ќе бидат презентирани на 17 ноември 2017 година, во Армани Хотел Бурџ Калифа во Дубаи. 

Жирито на Глобалните награди за уметност вклучува некои од најпознатите светски галеристи, колекционери, критичари, уметнички претприемачи и професионалци.  

Зоран Попоски има реализирано повеќе од 70 меѓународни изложби и е добитник на неколку меѓународни награди за уметност. Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Линц и Њујорк, а докторирал студии на културата во Скопје. Летово македонската публика имаше можност да ја проследи неговата самостојна изложба во Националната Галерија на Македонија, а во текот на овој месец негови уметнички дела ќе бидат прикажани на меѓународни изложби во Кина и Шпанија.