Репертоар:

На денешен ден: Починал Кирил Солунски

На денешен ден, 14 февруари, 869 година во Рим починал Константин, познат под името Кирил Солунски, еден од творците на првата словенска азбука...

Тој и неговиот постар брат Методиј, двајцата родени во Солун, преведувале библиски текстови и книги од грчки јазик на дијалектот на солунските Македонци.

Творците на првата словенска азбука, Кирил и Методиј, воделе жестока борба против застапниците на тезата дека постојат само три "светски јазици" кои можат да се употребуваат при вршење на верските обреди: хебрејскиот, грчкиот и латинскиот.

Роден бил во 826 (827) година.