Репертоар:

„Бидејќи сум дете“ нова книга за деца од Александра Велинова

Во издание на ЕДУКА МАК од печат излезе нова илустрирана детска книга со раскази под наслов „Бидејќи сум дете“ од Александра Велинова.

Низ современи раскази и илустрации, чија основна особина е силната компресија на содржините, оваа книга се карактеризира со иновативноста во раскажувањето. Низ различни случки и настани во кои интерактивно учествуваат деца, доловени се различни теми од современиот детски свет, со ненаметлива дидактичка структура.

Детето е основниот мотив во сите раскази, како учесник во дејството, но и како читател кој добива соодветна порака за предностите и недостатоците на современата технологија, за здравата храна, за природата, за книгите...

Автор на илустрациите е Никола Темков, а рецензијата ја напиша Веле Смилевски.

Промоцијата ќе се одржи на 7-ми април, со почеток во 12 часот на Саемот на книга.