Репертоар:

Чествување за академик Ташко Георгиевски

Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ од Скопје, денеска (среда) во 19 часот ќе се одржи чествување за познатиот македонски писател,Ташко Георгиевски...

По овој повод ќе биде промовирано новото издание на романот „Црно семе“,според чии содржини е снимен антологискиот игран филм во режија на Кирил Ценевски. За животот и делото на писателот ќе говори поетот и литературен критичар Раде Силјан.

Академик Ташко Георгеивски (Кронцелево,Егејска Македонија,1935 – 2012,Скопје) е предводник на групата македонски писатели, кои континуирано и егзалтирано пишуваат за траумите од Граѓанската војна во Грција и за делбите и прогонствата на Македонците од своите родни огништа.

Ташко Георгиевски е автор на романите: Луѓе и волци, Ѕидови, Црно семе, Змиски ветар, Црвениот коњ, Време на молчење, Рамна земја, Исчезнување, Црна билка, Кајмакчалан, Плочата на животот (автобиографски записи) како и на збирките раскази: Ние зад насипот, Суви ветрови и Куќа под калето.

Добитник е на наградите: Кочо Рацин, 11 Октомври,13 Ноември, Стале Попов, a застапен е во антологиите на македонскиот расказ и роман,објавени во Република Македонија и во странство. Негови дела се преведени на повеќе странски јазици.