Репертоар:

На денешен ден: Роден е Драги Михајловски

На денешен ден, 14 октомври, 1951 година во Битола е роден е Драги Михајловски, македонски раскажувач, есеист, литературен научник и преведувач. 

 

Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филолошки науки, на Катедрата за англиски јазик и книжевност, професор по предметот Теорија и практика на преведувањето.

Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1992 година. Автор е на книгите: „Речно улиште“ (раскази, 1981), „Ѓон“ (раскази, 1990), „Нераспнати богови“ (есеи, 1991), „Скок со стап“ (раскази, 1994), „Триполската капија“ (раскази, 1999), „Под Вавилон - задачата на преведувачот“ (докторат, 2000), „Дискантрија“ (роман) и други.

Доботник е на наградите: „Рациново признание“ и „Григор Прличев“. Македонската преводна литература и македонската култура воопшто Драги Михајловски ги задолжи со неговите преводи на делата на Вилијам Шекпир.

Од триесет и седумте драми за кои се смета дека се напишани од раката на Шекспир, на македонски јазик Дараги Михајловски досега превел и објавил во печатена и електронска форма - петнаесет.