Репертоар:

Нова поетска книга на Раде Силјан

Во своето седумнаесето поетско дело авторот застапува седумдесет песни, поделени во седум тематски циклуси, кои сочинуваат неразделна тематска целина...

Во издание на книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат поетската книга „Устата на јавето“ од современиот македонски писател Раде Силјан.

Во своето седумнаесето поетско дело авторот застапува седумдесет песни, поделени во седум тематски циклуси, кои сочинуваат неразделна тематска целина.

Стиховите од новата книга на Раде Силјан отвораат голем број прашања за се што ќе ни се насели во сонот, за се што ќе ни го прекине здивот, со воздишка и многу тага, констатира Блаже Миневски во поговорот под наслов „Во татковината на молкот, или како да се разбереш со животот“.