Репертоар:

Предавање на алжирскиот поет Хабиб Тенгур во Скопје

Утре (понеделник, 27 февруари) во 11.30 во Библиотеката за романски јазици и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, предавање ќе одржи алжирскиот поет Хабиб Тенгур. Неговото гостување во Скопје е во рамките на Зимскиот поетски фестивал на Струшките вечери на поезијата.

Поетскиот портрет на Тенгур ќе биде одржан истот ден во 20.00 часот во Салон „19.19“ во КИЦ, кога за него и неговото творештво ќе говори проф. д-р Владимир Мартиновски. Модератор на вечерта ќе биде проф. д-р Снежана Петрова.

Зимскиот поетски фестивал на СВП трае до 1 март.