Репертоар:

Промоција на дебитантска книга од Ирена Јурчева

Во Литературно кафе Метаноја вечерва во 19 часот ќе биде промовирана дебитантската поетска збирка „Таинства“  од Ирена Јурчева во издание на „Метаноја”.

- Младата Ирена Јурчева напишала збирка поезија што изненадува, восхитува и нѐ тера уште повеќе да веруваме во генерациското продолжение на македонската книжевност, пишува писателот Драги Михајловски во рецензијата за книгата. 

Стихозбирката ќе ја промовираат Ефтим Клетников, Вера Стојчевска-Антиќ и Елена Пренџова.