Репертоар:

Средба со писателките Кристина Николовска и Лилјана Пандева

Во Домот на култура „Илинден“, во рамките на 18-та Литературна манифестација „Илинден 2017“, беше одржана средба со писателките Кристина Николовска и Лилјана Пандева.

Кристина Николовска е добитничка на наградата „Димитар Митрев“ за книгата со книжевни критики „Светлинска“, а Лилјана Пандева на наградата „Стале Попов“ за романот „Доилката“, награди доделени од Друштвото на писателите на Македонија.

Ова беше повод за разговор со нив што го водеа Александра Јуруковска и Иван Антоновски, а на кој присутните имаа можност да чујат нешто повеќе за наградените дела.