Репертоар:

Свечено отворени 56-те Струшки вечери на поезијата

Со антологиската „Т’ га за југ“ интерпретирана на македонски и англиски јазик и со спектакулерен огномет, Струга по 56-ти пат покажа дека е уникатен град на поезијата.  

Поздравувајќи ги поетите и вљубениците во поетскат реч директорот на СВП , Мите Стефоски рече:

„Не помалку од мечот освоил зборот. И тие војни понекогаш се и пострашни и посвирепи од оние другите. Не еднаш сме рекле дека поезијата е чувар на малите јазици. Зашто јазикот се сака со творештво. А тоа творештво постојано ги испитува моќите и можностите на јазикот. Она заради што постојат поетските фестивали и што ја дава нивната смисла е да се слави умеењето со јазикот да се создаде нешто што не постоело претходно. Поетското творештво е скулптурирање на светот со жив јазик- истакна Стефоски.  

Најавувајќи ја поддршката што Министерството за култура и во иднина ќе ја дава на фестивалот од кој се очекува и понатаму да биде предводник во светот и да го покажува најдоброто од домашното и меѓународното поетско творештво, министерот за култура Роберт Алаѓозовски подвлече:

„Децении наназад овој фестивал кој се одржува во градот на Миладиновци претставува собир на најдоброто од светската поезија, место за размена на искуства, идеи и визии, кои ја движат културата напред, не само нејзините хоризонти, туку и видиците на нашите општества и нашата цивилизација воопшто“ – подвлече Алаѓозовски прогласувајќи го фестивалот за отворен. 

Воодушевувањето од чинот на отворањето и од фестивалот не го криеше ниту годинашниот лауреат Чарлс Симиќ кој на традиционалното меѓународно поетско читање настапи заедно со 27 поети од странство. 

На 24.08 (четврток) на програмата се:

10.00 Портрет на Иван Џепароски , минатогодишен добитник на наградта „Браќа Миладиновци“

11.00 Поетско читање на поетите од потесниот избор за годинашен добитник на наградата 

12.00 Симпозиумот „Изгубено/најдено во преводот“

13.30 Портрет на Горан Чолакхоџиќ, добитник на наградата „Мостови на Струга“ на СВП и УНЕСКО

16.30 Претставување на програмата Креативна Европа и платформата ВЕРСОПОЛИС 

19.00 Вечер на македонска поезија

20.30 Вечер со досегашните добитници на наградата „Браќа Миладиновци“ по повод 55 годишниот јубилеј