Репертоар:

Трето издание на збирката „Светулка за Ханука“ од Томислав Османли

Издавачката куќа „Икона“ го објави третото издание на збирката јудео-балкански раскази и новели  „Светилка за Ханука“ од Томислав Османли. Книгата соржи девет прози, колку што свеќи или кандила има обредната ламба или свеќникот за Ханука, еврејскиот празник на светлината.

„Светилка за Ханука“ е збирка раскази и новели на еврејски теми кои се случуваат во меѓувоениот и воениот период, пред сѐ во Македонија, поточно Битола, Штип и Скопје, но и во Белград, Варшава, Атина, Софија, Солун, на островот Закинтос, како и на просторот на географскиот и на фикцискиот, „небесен“ Ерусалим.

Овие раскази и новели досега се објавени во повеќе портали и списанија во Полска, САД, Србија, Хрватска, Грција, Белгија, Турција, Аргентина... Сефардското списание „Лос муестрос“, кое излегува во Брисел, во текот на двегодишни континуирани објавувања ја публикуваше целата книга на Османли во високотиражни објави на англиски јазик, а еден нејзин дел и на ладино или на јудео-шпански - јазикот на Евреите Сефарди.

Книгата првпат  ја објави книгоиздателството „Форум“ од Скопје во 2008 година, а второто издание, како и новото, трето, го објави „Икона“.