Репертоар:

Вечерни разговори на литературната манифестација „Илинден“

Денеска (20 април) во 19.00 часот во Домот на културата „Илинден“ во општина Илинден ќе се одржи вечер на книжевни разговори со писателките Кристина Николовска и Лилјана Пандева.

Николовска за нејзината книга „Светлинска“ беше наградена со „Димитар Митрев“ награда за најдобро критичко-есеистичка книга според Друштвото на писатели на Македонија. Разговорот со неа ќе го води поетот и есеист Иван Антоновски.

Лилјана Пандева за романот „Доилката“ ја доби наградата „„Стале Попов“ за најдобро прозно остварување според ДПМ. Разговорот со Пандева ќе го води новинарката и книжевен критичар Александра Јуруковска.

Денеска во рамките на Меѓународната литературна манифестација „Илинден“ во Марино беше отворена нова библиотека, која ја доби и првата донација книги од страна на издавачката куќа Матица македонска.