Репертоар:

Зимски поетски фестивал на СВП

Вечер (25 февруари, сабота) во 20.00 часот во салата „Фросина“ во МКЦ во Скопје ќе биде отворен Зимскиот поетски фестивал на Струшките вечери на поезијата.

Второто издание на Зимскиот поетски фестивал на СВП ќе донесе неколку еминентни поетски имиња кои ќе бидат претставени преку поетски читања и предавања. Низ неколкуте фестивалски денови ќе бидат претставени поетите: Ласе Содерберг (Шведска), Хабиб Тенгур (Алжир), Хасан Зактан (Палестина) и Иван Џепароски (Македонија).

СВП повеќе од половина век се најголемиот и најзначајниот поетски собир преку кој се промовираат врвните остварувања во светското поетско творештво. Со проширување на својата активност преку Зимскиот фестивал, СВП продолжува со благородната мисија за промоција на поезијата како еден од најзначајните духовни вредности на човештвото.