Репертоар:

lN MEMORlAM: Почина Вања Лазарова

Денес (12 март 2017 година) во Скопје, на 86-годишна возраст во Скопје, почина доајенката на македонската народна музика Вања Лазарова – Димитрова.

Денес на 86-годишна возраст во Скопје, почина доајенката на македонската народна музика Вања Лазарова – Димитрова (1930-2017).

Извесно време работеше во Операта при МНТ, а била членка и на Државниот ансамбл на народни игри и песни "Танец“. Има испеано стотина македонски изворни народни песни, од кои најголемиот дел се снимени во продукцијата на МРТ. Има настапувано на голем број концерти на повеќе континенти. Пеела во Алберт Хол во Лондон пред британската кралица Елизабета II и премиерот Винстон Черчил.

Посебен придонес има во соработката со групата "Анастасија“ при создавањето на музиката за филмот "Пред дождот“ на Милчо Манчевски. Нејзиниот вокал е особено податлив за синтезите во етномузиката.

Лазарова е родена на 27 април 1930 во с. Страцин, Кратовско.