Репертоар:

Со „Колевка“ заврши „Танц Фест 2017“

Програмата на годинашниот 13-от „Танц фест 2017“ заврши со изведнба на претставата „Колевка” – Creddle, во кореографија на Грегор Луштек...

Како што пајаснуваат од Танц фест, „Колевка“ е прв проект на C-СИЕ Танц унија. Тоа е резултат на Танц Камп меѓународен двегодишен проект направен во соработка со Академијата за танц во Пекинг. Нејзиниот извршен продуцент е Наташа Заволошек асистирано од страна на интернационалните и едукатори експерти Рисима Рисимкин и Олга Луштек.

Во септември 2016 кореографот Грегор Луштек избрал шест најдобри танчери од два летни кампа кои се одржале во Кина. Во март 2017 година тој избрал дополнителни шест танчери од Танц академијата од Пекинг, за да почне да работи на овој проект.

„Колевка“ е прв проект на Танцовата унија меѓу Кина и земјите од Централна и Југоисточна Европа. Како што ни појасни Рисима Рисимкин еден од едукаторите на ова танцова претстава, „Колевка“ се занимава со подзаборавените вредности како секојдневото внимание, контактот меѓу луѓето, општеството и околината.

– Во својот познат и исклучителен кореографски стил, Грегор Луштек прави истражување со млади танчери, за тоа како реагираат нивните тела, на предизвици кои потекнуваат од различни културни средини. Како реагираат на различни гестови: како се движат, кои емоции ги развиваат? Методот на „меѓукултурен физички дијалог“ ја менува не само перцепцијата на сопственото тело, туку и разбирањето на живот, размислувањата, доживувањата на другите, за да не врати кон прифаќањето на традицијата, појаснува Рисимкин.

Во изјавата за МИА Рисима Рисимкин, вели дека е презадоволна од годинашното издание на „Танц Фест 2017“.

– Мислам дека годинава со изборт на одлични танцови претстави од повеќе земји направивме пробив на фестивалот. Вечерва во Велес бевме сведоци колку беше посетен фестивалот. Воедно можам да кажам дека Танц фест придонесе за се’ поголем интерес на модерниот танц кај публиката во Скопје, а сега и во Велес. Тоа го потврди и долгиот и силен аплауз со кои заслужено присутните ги наградија танчерите кои сите ги остави без здив, потенцира Рисимкин.