Репертоар:

Четкар на тајландската национална телевизија и соработка со познати азиски музичари

Деновиве македонскиот џез музичар Владимир Василевски- Четкар настапи на национална телевизија во Тајланд и оствари соработка со познати азиски музичари...

Деновиве македонскиот реномиран џез музичар Владимир Василевски- Четкар, се наоѓа во Тајланд каде што неодамна настапи во Банкок на чиј концерт му гостуваше саксофонистот Кох „Мистер Саксман“ кој е еден од најпознатите џез музичари во Тајланд и југисточна Азија.

Покрај настапите Четкар во Тајланд снимаше и емисија за националната телевизија Брајт ТВ ( Bright TV) која ќе се емитува во почетокот на aприл. Емисијата ја водат популарните Тајландски шоумени, Синчерон Бродерс и е посветена за музиката на Четкар, како и за неговиот живот во Македонија и Њујорк.

Пред да дојде во Тајланд, Четкар со својот септет настапи во Џакарта, Индонезија на еден од најголемите џез фестивали во светот, Џава Џез фестивал.