Репертоар:

Џез концерт на „Милан Петровиќ квартет“ во Јавна соба

Во рамки на џез програмата “Show Room” во Јавна соба на 14 јануари ќе настапи еден од најпознатите џез бендови од регионот, „Милан Петровиќ квартет”...

Милан Петровиќ е пијанист, композитор и текстописец, но музичката кариера и популарноста ја базира на настапи по целиот регион со својот квартет. Во 2012 отскона на џез сцената со авторскиот албум "Excursion" кој е изработен во соработка со 38 најпознати џез и блуз музичари од Европа (Васил Хаџиманов, Душан Безуха, Wikluh Sky, Raw Hide, Blue Family и многу други) и за кој добива одлични критики на повеќе музички поратли меѓу кои и Popboks.

Во Јавна соба на 14 јануари со почеток во 21:30 часот, ќе го претстават “Dates” нивниот последен албум издаден во 2016 година, но и ќе ги изведат и своите хитови кои и се одлично познати на македонската публика.

Влезот во Јавна соба е слободен, но навремена резервација за овакви програмски вечери е задолжителна, велат од организацијата.