Репертоар:

Гала концерт на млади музички уметници во МНТ

Во Македонскиот народен театар во Скопје, утре, 21 април, ќе се одржи Гала концерт со наслов „Летај песно“ на врвни млади музички уметници...

Гала концертот е со мелодии на едни од најпознатите светски музички дела подготвени за камерен оркестар од страна на нашиот млад уметник Вејчеслав Поповски ќе се одржи утре во Македонскиот народен театар во Скопје.

Солисти на вечерта ќе бидат Тијана Димова, Вејчеслав Поповски, Анастасија Аврамовска, Ени Вучидолова и Бојан Ефтимов.

Идејата за концертот, како што информира организаторот, доаѓа од младиот нескротлив дух на оваа млада генерација музички уметници кои веруваат во својот потенцијал и во идејата дека заслужуваат можност да ни покажат со што тоа ние треба во иднина да се гордееме.