Репертоар:

Годишен концерт на студентите од штипската Академија за музичка уметност

Студентите од катедрите за етнокореологија и џез на Академијата за музичка уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип во среда, 7 јуни, ќе одржат годишен концерт. 

Универзитетскиот професор на Академијата за музичка уметност, Горанчо Ангелов истакна дека студентите на овие две катедри имаат можност пред публиката да покажат што научиле во текот на годината.

– На концертот ќе учествуваат студенти од етнокореологија и имаме неколку студенти од џез катедрата кои учат кај мене кавал, исто и тие имаат свој удел во овој концерт. Значи традиционално ќе исполнуваме традиционални напеви и неколку вокални напеви. Тоа е само една капка во морето, еден мал сегмент од нашата богата културна музичка традиција. Убеден сум дека публиката ќе ужива во звуците на кавалот, гајдата, тамабурата и пеењето, вели Ангелов.

Студентите од Академијата за музичка уметност концертот ќе го одржат во концертната сала на академијата со почеток во 20 часот.