Репертоар:

Грегоријанска музика на унгарскиот женски хор „Јубилате“

На 18. Есенски музички свечености вечер (петок, 10 ноември) ќе гостува Женскиот младински хор „Јубилате“ од унгарската хорска школа „Золтан Кодај“. Хорот ќе одржи концерт во Католичката црква „Пресвето срце Исусово“ од 20 часот по повод 50 години од смртта на унгарскиот композитор Золтан Кодај (1882-1967).

 

Првично оформен како детски хор, „Јубилате“ подоцна прераснал во женски младински и во моментов е единствен црковен училишен хор во  училиштето „Золтан Кодај“ во Унгарија што постои од 1988 година. 

- Една од најзначајните карактеристики на овој хор е дека редовно настапува на литургиските служби. Репертоарот на „Јубилате“ ги вбројува ремек-делата за хорска литература од грегоријанската музика, па се до современи дела. Хорот редовно настапува на најголемите интернационални фестивали за грегоријанска музика во Белгија и во Унгарија, а традиционални се неговите настапи и во Салцбуршката катедрала, соопшти Дирекцијата за култура и уметност-Скопје за вечерашниот концерт кој е организиран во соработка со Амбасадата на Унгарија во Скопје. 

Женскиот младински хор „Јубилате“ ќе настапи под диригентство на Ференц Шапзон, кој е носител на голем број признанија, меѓу кои и на наградата „Франц Лист“.