Репертоар:

Концерт на „Вис Лимунада“ во Јавна соба

Вечерва, 4 март, со почеток во 22:00 часот во Јавна соба, премиерен концерт пред македонската публика ќе одржи феноменалнот српски бенд „Вис Лимунада“...

Вокално - инструменталниот ансамбл „Лимунада“ од Србија е бенд кој плови во периодот на касните педесетти и раните шеесетти години на ХХ век. Претставува комбинацијата на музички жанрови (шлагери, рок, бит), а пеењето на различни јазици го нарекуваат Stari val. Тоа е доба кога свират оркестри, а бендовите започнуваат да се создаваат.

Музичарите и публиката се облекуваат во елегантни фустани и одела, а се изведуваат нумери наместо песни... Не случајно многумина ги нарекуваат Битлси на денешнината.

Шест енергични музичари кои прават шоу кое не смеете да го пропуштите.

Влезот во јавна соба е слободен, а можноста е само еднаш.