Репертоар:

Концерт посветен на унгарскиот композитор и пијанист Бела Барток

Во Центарот за иновации и дизајн „Јавна соба“ вечерва, 20 февруари, ќе биде одржан концерт посветен на унгарскиот композитор и пијанист Бела Барток (1881-1945), во изведба на „Oláh Dezső Trio“...

Концертот, на кој композиции од Барток ќе бидат интерпретирани во џез-варијанта, е организиран во соработка со Амбасадата на Унгарија во Македонија и и Унгарскиот директорат за уметност и култура.

– Бела Барток е еден од најпознатите композитори на етномузика кој творел во дваесеттиот век, најпознат унгарски композитор и еден од основачите на етномузикологијата. Неговата музика се карактеризира со драматично менување на звукот во музиката на 20 век, соопштија организаторите.

Почетокот на концертот е во 20 часот.

Влезот за посетители е слободен, со претходна резервација поради ограничен број на седишта.