Репертоар:

Раде Шербеџија со два концерти во МОБ во ноември

„Авалон продукција“ најави два ексклузивни концерта на Раде Шербеџија во Македонската опера и балет на 4-ти и 5 ноември 2017. Во Скопје тој ќе го промовира новиот албум кој треба да излезе во средината на октомври. 

- Најголемиот шармер на овие простори, пејач, поет и актер со холивудска слава, живата легенда Раде Шербеџија ќе биде придружуван од неговиот бенд „Западни колодвор“ од Загреб. На скопските концерти тој ќе настапи со репертоар во кој ќе ги има сите класици како: „Не дај се Инес“, „Мени се душо од тебе не растаје“, „Чекај ме“, „Имам пјесму за тебе“ и други, соопшти „Авалон“.

Специјални гости на концертот на Шербеџија во МОБ ќе бидат „Гаро и Тавитјан брадрс“ кои со Раде имаат една песна на новиот албум, а исто така ќе има и други гости кои ќе бидат изненадување.

Влезниците се по цена од 990 денари се во продажба преку мрежата  Купи Карти За Се, Југотон и онлајн.