Репертоар:

Потврдa за Дарвиновата теорија: Научниците откриле како настанал животот

Животот на Земјата настанал кога планетата ја „бомбардирале“ метеорити, кои паднале во „мали топли езера“. Токму во нив се создадени првите облици на живот, а не во океаните, како што претходно се претпоставувало.

 

 

(Б92) Потеклото на животот е една од најголемите мистерии со кои се соочило човештвото. Во последните неколку години научниците заговарале идеја дека животот настанал од вулканските отвори на океанското дно. Меѓутоа, новите истражувања ја поддржуваат теоријата на Чарлс Дарвин од 1871 година дека првите живи суштества се создадени „во некое мало топло езеро со многу амонијак и фосфорни соли“.

Меѓутоа, таа идеја дури сега ја потврдуваат експерти од Универзитетот Мекмастер во канада и од Институтот „Макс Планк“ во Германија.

- За да го разбереме потеклото на животот мора да знаеме какви услови постоеле на Земјата пред неколку милијарди години, изјави еден од авторите на студијата, доктор Томас Хенинг.

Според студијата, „астрономијата ги дава сите клучни одговори на тоа прашање. Деталите за тоа како настанал Сончевиот систем директно влијаеле на потеклото на животот на Земјата“.

Така животот на планетата Земја настанал меѓу 4,5 и 3,7 милијарди години, кога мал метеорит со амонијак и водород цијанид паднал во некое мало езеро.

Пресметките сугерираат дека првите молекули на рибонуклеинската киселина настанале во текот на таа фаза, а кога езерата пресушиле, формирани се други синџири, кои продолжиле да опстојуваат во текот на „влажните и суви“ цуклуси на Земјата. Тие молекули го содржеле првиот генетски код на живот на планетата Земја.