Репертоар:

Дарија Андовска на меѓународна трибина на композитори во Белград

Композицијата „Илуминации“ за гудачки квартет од Дарија Андовска ќе се изведува во Белград, во рамки на 26. меѓународна трибина на композитори што ќе се одржи од 5 до 10 октомври.

Пред публиката ќе се претстават дела на творци од 19 држави, од Јапонија, Аргентина, Финска, Кина... Од над 400 партитури пристигнати на конкурсот на Фестивалот, селекторот за програмата одбрал 55 остварувања, кои го претставуваат времето денес, неговата инвентивност, провокативност, неговите структури, илуминации, рефлексии.

Во огромната конкуренција, Дарија Андовска е единствениот македонски претставник на ова издание на фестивалот.