Репертоар:

Групна интернационална изложба ”FIND ME“ во Венеција

Групна интернационална изложба со наслов FIND ME₺ во организација на ”Vernice Contemporanea  Art Management“, во Венеција, Италија од 1 до 29 октомври 2017 година. 

Во рамки на уметничкото ферментирање кое го донесе 57-то издание на Венециското биенале "Viva Arte Viva" во Венеција, од 1 до 29 октомври во Венеција се случи значаен уметнички настан, групна интернационална изложба со наслов ”FIND ME“ во организација на ”Vernice Contemporanea Art Management“.

Отворањето на изложбата беше на 30 –ти септември, а просторот каде се одржува овој настан е познат како Spazio Kanz, Cale de Mezo, Венеција. Станува збор за инсталација на дела од околу 70 афирмирани и млади уметници од Италија, САД, Англија, Шведска, Финска, Русија, Швајцарија, а во селекција влезе и академскиот сликар Драгица Ристеска Димитровска од Македонија. Настанот е под кураторство на Масимо Казагранде, активен на италијанската сцена од 1995 година и истиот е значајна фигура меѓу интернационалната критика.

Соработката која нашата академска сликарка ја започнува со оваа изложба нема да заврши само со овој проект. Организаторите на ”Vernice Contemporanea Art Managemen“и понудија соработка во рамки на интернационално жири и на наредниот проект кој ќе го организираат со почеток од октомври, а истиот е со наслов ”Vernice Art Prize 2018“.