Репертоар:

Повик за пријавување филмови снимени со мобилен телефон

Меѓународниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил фестивал“ објавува отворен повик за пријавување филмови за осмото издание, кое ќе се одржува од 10-ти до 18 ноември во Скопје.

Право да се пријават имаат сите филмови кои се снимени со мобилен телефон кои не се подолги од 10 минути, а кои претходно не биле пријавени на претходните изданија на „Мобил фестивал“. Во конкуренција ќе влезат сите филмови кои ќе пристигнат до крајниот рок за пријавување - 1 ноември 2017 година.

Селектираните филмови ќе влезат во конкуренција за наградиите: за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“, за  најинвентивен филм, за најоригинална приказна, за најдобра идеја и награда за најдобар филм во домашната програма „Млади таленти“.

Најдобрите филмови ќе бидат прикажани во натпреварувачка програма на интернационалните фестивали кои се во мрежата фестивали за филмови снимени со мобилен телефон, а се во партнерство со „Мобил фестивал“.

Организатор на „Мобил фестивал“ е продуцентската куќа „КТ Филм и Медиа“. Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија и од градот Скопје.