Репертоар:

Евгенија Демниевска: Уметноста зборува за светот

Во објектот Чифте амам ќе биде отворена изложбата на уметницата Евгенија Демниевска „Метаморфози на линијата“ на 5 октомври, со почеток во 19 часот. 

Со Демниевска поразговаравме околу престојната изложба, околу нејзиниот творечки опус, животот во Париз, постојаното навраќање на Скопје и тековните активности.

На изложбата ќе бидат изложени меѓу 50 и 60 уметнички дела кои го прикажуваат нејзиниот пат од почеток, од студентските денови, до тоа што го прави сега.

- На оваа изложба се избрани делата кои прикажуваат како се развивала идејата од почеток досега. Уметноста зборува за светот, каде се појавува идентитетот на светот. Тука има различни дела. Има еден дел каде се занимавам со слики во кои го прикажувам просторот, каде се наоѓа тоа што го гледаме, во кој простор, каде се појавува идентитетот на нештата, рече Демниевска.

Погледнете го видео интервјуто.