Репертоар:

На островот Евија е пронајден изгубениот храм на Артемида

Остатоци од храмот посветен на античката божица Артемида пронајден е, по сто години потрага, на грчкиот остров Евија.

Екипа на археолози од Швајцарија и од Грција пронајдоа остатоци од храмот на Артемида во рибирското село Амартинос, а благодарение на повеќекратните натписи утврдено е дека се работи за божицата Артемида.

Натписи со нејзиното име се пронајдени на темелите на градбата, но и на пари и на плочки. Повеќе пати се спомнува и зборот Лета односно името на мајката на Артемида и на Аполон.

Градбата потекнува од периодот меѓу шестиот и вториот век пред новата ера, а пронајдени се остатоци од споменици и од фонтана. Храмот првпат се спомнува во списите на римскиот географ и филозоф Старбон, кој живееше во првиот век пред новата ера во Мала Азија. Старбон го опишува храмот како голем комплекс.

Артемида, ќерка на Зевс и Лета, е една од најпочитуваните антички божества - божица на ловот, заштитничка на родилките, на невиноста, на природата, на дивите и домашните животни и на земјоделството.