Репертоар:

Меѓународен саем за образование и странски јазици

Во организација на македонската специјализирана агенција за едукативни патувања во странство - Едутравел, денеска, 22 јануари, во Музејот на македонската борба ќе се одржи Меѓународен саем за образование и странски јазици...

На саемот ќе бидат презентирани сите програми достапни преку Едутравел, меѓу кои и програмите на КУБ од Белград чиј застапник во Македонија е Едутравел.

- Саемот ќе биде информативен, а учесници се претставници од училишта од Велика Британија, Австрија, Швајцарија и Бугарија кои пред присутните детално ќе ги промовираат своите програми достапни за младите од Македонија, соопшти Едутравел, која го организира саемот заедно со компанијата КУБ од Белград, која повеќе од 25 години успешно посредува во организација на образовни програми во земји од Европа и САД.

Првиот саем е именуван КУБ ЕДУКО 2017 и, според најавите, во план е да стане традиционален и секоја година да го зголемува бројот на учесници од странство кои директно пред заинтересираните ќе ги презентираат своите програми.