Репертоар:

МХД УМКА Скопје дел од меѓународен проект

По успешно спроведениот проект „One Makes a Difference“, МХД УМКА Скопје ќе учествува како партнер во уште еден проект финансиски поддржан од ЕВЗ Фондацијата, во партнерство со Haus am Maiberg од Хепенхајм, Германија и Асоцијацијата Плурал од Букурешт, Романија, МХД УМКА Скопје ќе го реализира проектот One Europe Many Realities . 

Проектот ќе екипира група млади луѓе од трите држави со знаења и вештини како да ги користат дигиталните технологии и социјалните мрежи како алатка за промовирање на еднаквост и почитување на културните различности, превенирање и спречување на дискриминација, како и отстранување на присутните стереотипи и предрасуди во општеството.

Во рамки на овој проект 12 млади луѓе од Македонија ќе учествуваат на младинските размени кои ќе бидат организирани во Сојузна Република Германија (декември 2017 година) и Букурешт, Романија (март/април 2018 година). Проектот One Makes a Difference кој завршува денес обедини 42 млади луѓе од Македонија, Украина и Сојузна Република Германија кои учеа како критичкото испитување на историјата може да биде користено како алатка за подигнување на свеста во ооштеството за опасноста и последиците од екстремните идеологии.

Покрај МХД УМКА Скопје, партнери во проектот беа Педагошкиот центар Академија од Полтава, Украина и IG Frauen und Familie Prenzlau e.V. од Прензлау, Германија.