Репертоар:

Реприза на „Марија Калас-Час“ во МОБ

Вечерва, 11 април, на Малата сцена во МОБ ќе се одржи реприза на делото „Марија Калас – Час“, кое неодамна ја имаше својата премира...

„Марија Калас-Час„ е драма, напишана од американскиот писател Теренс Мекнели во 1995 година. Обработува фиктивен мастерклас на познатата оперската пејачка Марија Калас, пред крајот на нејзиниот живот. Во претставата е користена музика на Џузепе Верди, Џакомо Пучини и Винченцо Белини.

Драмата за првпат е изведена на Бродвеј 1995 година со звездите Зое Колдвел и Одра Мекдоналд.

Приказната е за оперската Дива Марија Калас, која држи час по пеење во реномираниот универзитет „Џулијард Скул“ во Њујорк. На часот таа се сеќава на сопствениот живот и се однесува потполно непредвидливо. Се будат нејзините инспирации, стравот да не биде „грдото пајче“, омразата кон нејзините конкурентки, притисокот од првите претстави, тријумфот во „Ла Скала“, како и нејзината афера со Аристотел Оназис, а кулминира со монологот за нејзиното саможртвување во име на уметноста.

Во 1996 година претставата е наградена со „Драма Деск Авард“ за најдобра нова драма и „Тони Авард“ за најдобра изведба.

Режијата и преводот се на Урсула Хорнер, Избор на костими: Марија Пупучевска, Графички дизајн: Марија Ветероска, Светло дизајн: Васко Лисичов.

Настапуваат: Марија Калас, Надежда Рубен, Корепетитор, Андреја Наунов, Софи де Палма, Марија Наумовска, Шерон Грехем, Александра Лазаревска, Антони Кандолино, Влатко Груевски и Декоратер, Зоран Данилов.