Репертоар:

Соло-рецитал на Кристијан Антовски во Софија

Денеска, 15 јуни, во 18,30 часот во рамките на Фестивалот на уметностите во Музичкиот центар "Борис Христов" во Софија, ќе се одржи солистички концерт на македонскиот оперски уметник Кристијан Антовски...

На програмата ќе бидат изведени дела од G.Hendel, M.Glinka, P.I.Tchaikovsky, W.A.Mozart, R. Leoncavallo, G.Donizzetti, G.Verdi, како и неколку обработки на традиционални македонски песни.

Кристијан Антовски на пијано ќе го придружува познатиот македонски пијанист Андреј Наунов Оперскиот уметник Кристијан Антовски е роден 1984 година во Скопје. Во 2007 година дипломира на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Биљана Јовановска-Јакимовска.

Вработен е во Македонската Опера и Балет на чија сцена има изведувани главни и споредни улоги во оперите "Турандот", "Волшебната флејта", "Боеми", "Италијанката од Алжир" и други

Проектот е дел од годишната програма на КИЦ на Р. Македонија во Софија и се остварува во соработка на нашиот Центар во Софија и Музичкиот центар "Борис Христов".