Репертоар:

Манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце“ во Илинден

Секој посетител на манифестацијата што ќе подари книга за возврат ќе добие црвено Велигденско јајце...

Денеска (четврток), во периодот од 10:00 до 14:00 часот Општина Илинден ја организира 11-та по ред традиционална Манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение”.

Оваa оригинална  и единствена од ваков вид манифестација која што истовремено ги обединува образованието, културата, уметноста, традицијата и религијата ќе се одржи во Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден.

Секој посетител на манифестацијата што ќе подари книга за возврат ќе добие црвено Велигденско јајце. Во чест на Двеилјадииседумнаесеттото лето Господово, симболично ќе бидат украсени 2017 Велигденски јајца.

Во изминатите десет години во манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение” што се одржува секоја година на Велик четврток, во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, вкупно се собрани 30.000 книги наменети за Општинската библиотека Илинден и библиотеките во основните училишта.