Репертоар: click at this page

Осма Школа за млади лидери во Охрид

http://nuubestudio.com/map Вкупно 40 учесници и 22 предавачи од Македонија, Европската унија, САД и Кина, ќе бидат дел од Школата за млади лидери, што по иницијатива на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, годинава по осми пат ќе се одржи во Охрид, од 21 до 31 август. 

click to see more Целта на школата, како што соопштија од неговиот кабинет, е да им се овозможи на младите, талентирани и иновативни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и лидерски способности, преку предавања и обуки од сферите на лидерството и менаџментот. И годинава школата е со меѓународен карактер, и на неа ќе учествуваат гости од регионот, но и пошироко.

Меѓу предавачите на годинашната Школа за млади лидери се поранешниот претседател на Албанија, Реџеп Меидани, главниот извршен директор на „ТАВ Аеродроми“, Сани Шенер, поранешниот претседател на Бугарската академија на науките, Стефан Воденичаров, деканот на колеџот Шварцман при Универзитетот Чингуа, Давид Пан, амбасадорот, Георг фон Хабсбург, професорот на Вартон Школата при Универзитетот во Пенсилванија, Ѓорѓија Петкоски, како и еден од водечките експерти за бизнис менаџмент и лидерство, Дејвид Голдсмит link.

http://thirtytwodentistry.com/map Предавања на школата ќе одржат и други истакнати поединци, лидери на успешни компании, и претставници на етаблирани институции од Македонија, Швајцарија, Норвешка, Австрија и други земји.

Годинашната Школа за млади лидери, исто како и минатогодишната, е поддржана од Фондацијата Алијанса на Цивилизациите visit web page.

http://mightyvine.com/map Во изминатите седум години на школата учествуваа 280 млади луѓе и над 160 реномирани предавачи, меѓу кои Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, поранешните претседатели на Чешка и на Латвија, Вацлав Клаус и Ваира Вике - Фреиберга, поранешните претседатели на Србија, на Бугарија и на Албанија, Борис Тадиќ, Георги Прванов, Петар Стојанов и Бамир Топи, поранешниот потпретседател на Европската комисија и поранешен министер за надворешни работи на Италија, Франко Фратини, претседателите на Светската и на Европската академија на науките и уметностите, Иво Шлаус и Феликс Унгер, како и голем број амбасадори, функционери од Европската унија, директори на меѓународни институти и успешни бизнис компании и професори од реномирани светски универзитети.

http://fertility-websites.com/map Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, коешто низ семинари, панел дискусии, предавања и учества во младински настани, овозможува продолжување на развојот на нивните знаења и вештини.