Репертоар:

Промоција на книгата „Современи дипломатски методи и нивната примена во македонската дипломатија"

Книгата „Современи дипломатски методи и нивната примена во македонската дипломатија" од амбасадор д-р Данчо Марковски ќе биде промовирана денеска во амфитеатарот на Министерството за надворешни работи.

Марковски е дел од експертскиот тим којшто работи во рамки на форумот за надворешна политика, организиран од Фондацијата Фридрих Еберт - Канцеларија Скопје, а во соработка со Прогрес Институт за социјална демократија и Дипломатскиот клуб.

Книгата ќе ја промовираат проф. д-р Милан Јазбец, амбасадор на Република Словенија, и Данијела Баришиќ, амбасадор на Република Хрватска. На презентацијата се поканети и претставници на амбасадите и дипломатските претставништва во Македонија.