Репертоар:

Тринаесетти Саем за вработување и кариера - Job Fair 2017

Бордот на Европски Студенти по Технологија (БЕСТ) – Скопје го организира тринаесеттиот по ред Саем за вработување и кариера - Job Fair 2017, кој ќе се одвива во периодот пд 3 до 12 април...

- Наше е задоволството широко да ги отвориме вратите и можностите на сите заинтересирани, затоа ве повикуваме на официјалното отворање кое ќе се одвива на 03.04.2016 во амфитеатарот на Технолошко- металуршки факултет, а исто така Ве очекуваме на останатите денови од саемот кои ќе се одвиваат на кампусот на техничките факултети во периодот 03.04-07.04 и на АФ/ГФ во периодот 10.04-11.04, велат организаторите.

Job Fair е најголемиот и најсериозниот настан кој БЕСТ Скопје го организира, а воедно е и местото каде студентите можат да се информираат за сѐ она кое го нудат компаниите учеснички, како и за потенцијално идно работно место или пракса. Додека пак, компаниите имаат можнст да стапат во контакт со нивните потенцијални вработени.

Минатата година Job Fair се покажа како најуспешен досега, со вкупно 36 присутни компании. Овој саем е одлична можност за студентите да добијат пракса или работа во некоја од најдобрите компании во земјата.

Она што е потребно е да го остават своето CV na www.jobfair.org.mk и со тоа нивните биографии стануваат дел од датабазата до која имаат пристап сите компании - учеснички од Република Македонија и надвор од неа, во текот на целата година.

Компаниите на овој саем ќе имаат можност да држат бесплатни предавања, soft skills тренинзи, презентации, натпревари на кои ќе можат да учествуваат студентите таргетирани токму од нив.