Репертоар:

Вики конференција наменета за наставници

На 19 октомври 2017 година ќе се одржи „Вики конференција за наставници“ во организација на Здружението ГЛАМ Македонија.

На конференцијата се очекува да присуствуваат околу 6о наставници од основните и средните школи во Македонија. Предавачите, и самите наставници по професија, ќе ги запознаат присутните со можностите на употреба на Википедија во наставниот процес.

Некои од темите на конференцијата се: „Википедија во образовниот процес“, „Начин на цитирање во Википедија (употреба на референци)“, „Вовед во Википедија и останатите сестрински проекти“, а ќе се одржи и обука за наставниците за уредување на Википедија.

Настанот ќе се одржи во Порта Македонија, со почеток во 10 часот.